Достапни линкови

logo-print

Црвенковски: ВМРО-ДПМНЕ ќе одговара за грабежот


Момче свири на вувузела за време на опозицискиот митинг

Момче свири на вувузела за време на опозицискиот митинг

Црвенковски порача дека ја почнува битката за предвремени парламентарни избори. Собранието треба да се распушти во ноември, вели тој.

На голем митинг пред владата, под мотото „Ние сме за победничка Македонија“, опозицијата, како што рече лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, ја почна битката за предвремени парламентарни избори.

„Знаеме дека такви избори пред ноември би биле погубни за иднината на земјата. Затоа, ниту такви избори бараме ниту на такви избори ќе учествуваме. Но затоа уште од сега најавуваме без разлика на исходот од Самитот на НАТО, без разлика дали преговорите со Грција ќе завршат успешно или не, наша цел е во ноември Собранието да се распушти и да излеземе пред граѓаните.“



Црвенковски и забележува на владата за, како што вели, разорената економија, опаѓањето на земјоделското производство, здавството кое е во колапс, партизирањето на јавната администрација и ненаменски потрошените буџетски пари. Црвенковски и се закани на владата дека ќе ги сноси последиците за своите постапки.
За овој криминал, за овој грабеж, за ова предавство под маската на лажен патриотизам - Ќе одговарате! Правдата ќе ве стигне Ви гарантирам!


„Не господине Груевски, не се работи за татковината. Се работи за пари.

За овој криминал, за овој грабеж, за ова предавство под маската на лажен патриотизам - Ќе одговарате! Правдата ќе ве стигне Ви гарантирам!“

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски

Црвенковски го обвини Груевски дека гради лажна слика дека не го дава името и оти сите други сакаат да го сменат.

„Тоа е апсолутна лага. Нема Македонец што сака да се смени уставното име. Јас сум првиот што не сака тоа да се случи, што тврди дека Грција спроведува една неправедна, недемократска, неевропска политика кон Македонија. Грција на најбезочен начин ги злоупотребува своите права како членка на НАТО и ЕУ. “

Црвенковски, сепак, вели дека таа неправда не го ослободува од одговорноста, да мисли на иднината на народот.
Сакам да ја видам Македонија како рамноправно и гордо седи на иста маса со Америка, Франција, Германија, а не да биде земја поттурната по ходници и избришана од дневниот ред!


„Сакам да ја видам Македонија како рамноправно и гордо седи на иста маса со Америка, Франција, Германија, а не да биде земја поттурната по ходници и избришана од дневниот ред!“

Се чини дека СДСМ на митингот ги собра речиси сите незадоволни од власта. На митингот зборуваа активистот за човекови права Жарко Трајаноски, лидерката на стечајците Лилјана Ѓорѓиевска, Ивица Младенов од невладината организација Хоризонт, поранешниот портпарол на Фондот за здравство Дејан Гацов, професорот на Архитектонскиот факултет Мирослав Грчев и Ѓорѓи Оровчанец од Демократска алтернатива, како претставник на коалиционните партнери на СДСМ.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG