Достапни линкови

logo-print

Тројца војници на НАТО загинале во Авганистан


Интензивираните воени операции против Талибанците се причина за смртта на неколкуте војници на НАТО во изминатиот период . Од Алијансата соопштуваат дека загинале уште тројца војници, двајца американци загинале денеска во престрелка со бунтовниците, а еден војник за кој не се соопштива од каде е загинал во експлозија вчера. Овој месец во Авганистан загинаа 91 странски војник , што го прави најсмртоносен месец откако е започната војната во Авганистан во 2001-та. И покрај тоа од мисијата ИСАФ велат дека Алијансата ја добива битката против Талибанците .
XS
SM
MD
LG