Достапни линкови

Над 400 луѓе уапсени за време на протестите во Торонто


Повеќе од 400 луѓе се уапсени за време на протестите во Торонто против економскиот самит на земјите од групата Г-20, соопштила канадската полиција. Во текот на протестите , демонстрантите палеле полициски возила, кршеле излози на продавници, кафулиња , банки. Протестот почнал мирно, но група луѓе маскирани во црно ги почнале немирите најпрви во центарот на градот а потоа и низ целиот град. Полицијата користела штитови, палки и солзавец да се справи со демонстрантите.
XS
SM
MD
LG