Достапни линкови

Иванов:Нимиц чека на Македонија и на Грција


Претседателот Ѓорге Иванов изјавил дека посредникот за името Мејту Нимиц чека сигнали од двете страни , по што ќе подготви предлог, а откако ќе биде прифатен од двете страни ќе биде доставен до Генералното собрание на ОН, јавува МИА. Според Иванов честите средби меѓу премиерите на Грција и на Македонија влеваат оптимизам кај европските партнери, но и кај самиот претседател дека се враќа довербата која ќе помогне за изнаоѓање на прифатливо решение. Претседателот изјави дека државниот врв е усогласен за ставот за името, но потсетил и дека опозицијата не ги прифаќа предлозите за средби со преговарачот Зоран Јолевски за да ги информира за текот на разговорите.
XS
SM
MD
LG