Достапни линкови

Референдумот во Киргистан се спроведува без проблеми


Во Киргистан денеска се гласа за уставни реформи. Привремената лидерка Роза Отумбаева која гласаше во градот Ош центарот на неодамнешните насилства изјави дека со гласањето, народот ќе покаже дека земјата е обединета во барањето на стабилност. Извештаите велат дека гласањето се спроведува под силно обезбедување, и дека состојбата е мирна. Во првите неколку часа од гласањето гласале над 26 проценти од гласачите. Предложените уставни промени во голема мера ќе ги намалат овластувањата на претседателот и ќе направат од Киргистан прва парламентарна република во Централна Азија
XS
SM
MD
LG