Достапни линкови

Остранет уште еден споменик на Сталин во Грузија


Властите во Грузија тргнале уште еден споменик на поранешниот советски лидер Јосиф Сталин. Споменикот во градот Ткибулиј во западна Грузија е тргнат два дена откако властите го тргнаа споменикот на Сталин во неговиот роден град Гориј. И двете статуи се тргнати во ноќ за да се избегнат евентуални протести на луѓето и за да не избегнат медиумите. Спомениците биле поставени пред неговата смрт во 1953-та година. Грузиските власти тврдат дека младите Грузијци кои ги прифатиле идеалите на слободните демократски општества, го подржуваат тргањето на спомениците.
XS
SM
MD
LG