Достапни линкови

logo-print

Самит на Г-20 во Канада


Лидерите на земјите од групата Г-20 денеска во Торонто го одржуваат состанокот посветен на светската економија. На состанокот главен акцент ќе се стави на реформите во монетарната политика, улогата на меѓународните финансиски институции, новите даночни стапки за банките, како и за либерализација на трговијата и инвестициите. Мотото на оваа средба е „Заздравување и нов почеток“. Земјите членки уште на почетокот имаат различни мислења за начините за заздравување на економијата. Експертите се скептични околу тоа дали лидерите на Г-20 ќе постигнат договор за спорните прашања.
XS
SM
MD
LG