Достапни линкови

Бурата нема да биде закана за чистењето на нафтената дамка


Тропската бура „Алекс“ значително е ослабена, и нема да претставува закана во напорите за чистење на нафтените дамки во Мексиканскиот залив, извести денеска американскиот национален центар за урагани. Метеоролозите за денеска предвидуваат дека Алекс ќе се движи кон јужниот дел на Мексиканскиот залив, што значи дека преминува во категорија на помали урагани, па така напорите за чистење на дамките нема да бидат загрозени. Алекс е прва тропска бура оваа сезона. Ја пратат ветрови кои дуваат со брзина од околу 65 километри на час
XS
SM
MD
LG