Достапни линкови

Во Торонто уапсени над 150 демонстранти


За време на демонстрациите во Торонто против одржувањето на самитот на земјите од Г-20, уапсени се најмалку 150 луѓе, а неколку полицајци се полесно повредени, соопштува тамошната полиција. Полицијата со солзавец морала да ги растера насилните демонстранти кои сакале да влезат во зградата каде се одржува самитот и да го прекинат. Демонстрантите кршеле излози, палеле автомобили, мавале со шишиња по полицајците. Пред демонстрациите да преминат во насилство, околу 10 илјади членови на синдикати, студенти, активисти за заштита на човековите права се собраа во центарот на Торонто за да ги пренесат своите барања до лидерите на Г-20.
XS
SM
MD
LG