Достапни линкови

Бура го отежнува чистењето на нафтената дамка


Тропската бура Алекс, која се појави доцна синоќа на брегот на Белизе предизвика загриженост дека може да им наштети на напорите да се исчисти нафтената дамка во Мексиканскиот залив. Според американскиот Национален центар за урагани, невремето најверојатно ќе го заобиколи местото каде истекува нафтата, но може да предизвика силни бранови кои ќе ги отежнат напорите да се расчисти дамката.
Се очекува Мексиканскиот залив денеска да биде зафатен од бурата.
XS
SM
MD
LG