Достапни линкови

Претседателот на Кина ќе ги посети САД


Претседателот на Кина Ху Џинтао ја прифати поканата за официјална посета на Соединетите држави, што му ја понуди американскиот претседател Барак Обама. Белата куќа соопшти дека официјални лица од двете земји треба да го одредат датумот за посета. Обама на маргините на самитот на Г-20 во Канада, го покани својот кинески колега на гости. Двете земји неодамна имаа несогласувања за курсот на валутите, за трговија и за начинот како да се справат со иранската нуклеарна програма. Кина се согласи неодамна, да гоолабави курсот на својата валута и јуанот да не биде толку врзан за американскиот долар
XS
SM
MD
LG