Достапни линкови

logo-print

Чавез се сретна со претседателот на Сирија


Претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, се состана со сирискиот претседател Башар Асад и повика Латинска Америка и арапскиот свет да се борат против како што тој ја нарекува империјалистичката Америка и нејзините капиталистички интереси во странство. Двете земји потпишаа голем број договори во последниве години, вклучувајќи и планови за изградба на рафинерија во Сирија која треба да обработува 200 илјади барели нафта на ден. Венецуела соработува со земјите од Блискиот Исток, како со Сирија и со Иран, но нема изградено односи со Израел.
XS
SM
MD
LG