Достапни линкови

Бугарија ќе затвари дел од своите амбасади


Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов најави намалување на бројот на дипломатските претставништва на Бугарија во светот и на бројот на службениците на Министерството за надворешни работи. Младенов изјави дека на финансирањето на дипломатските претставништва во странство отпаѓа 65 отсто од буџетот на Министерството. Бугарија во моментот располага со 83 амбасади, шест постојани мисии при меѓународните организации, 19 генерални конзулати, еден конзулат и две дипломатски бироа.
XS
SM
MD
LG