Достапни линкови

logo-print

Најмалку 23 загинати во сообраќајна несреќа во Индија


Најмалку 23 луѓе загинале, а 15 се повредени во судир на камион и автобус полн со патници во Индија, сопштува тамошната полиција. Според наодите на полицијата возачот на автобусот изгубил контрола на возилото кое било преполно со патници, а дел од нив седеле и
на кровот од автобусот. Сообраќајните несреќи се многу чести во Индија, поради лошите патишта, старите возила и невнимателното возење.
XS
SM
MD
LG