Достапни линкови

logo-print

Британија ќе го ограничува бројот на имигранти


Бројот на имигранти во Велика Британија од земјите кои не се членки на Европската Унија до април 2011-та треба да биде ограничен на 24 илјади соопштиле извори од министерството на внатрешни работи на Британија, јавува Франс прес. Но не се работи за намалување на бројот на имигрантите, туку за спречување на нов бран на луѓе кои доаѓаат, соопштил изворот. Органичувањето нема да важат за спортистите или за вработените во фирми кои имаат соработка со Велика Британија. Ограничувањето на приловот на имигранти е едно од предизборните ветувања на премиерот Дејвид Камерон.
XS
SM
MD
LG