Достапни линкови

Иванов се сретнал со Сејдиу, Топи и Вујановиќ


Зајакнувањето на регионалната соработка било централна тема на денешните билатерални средби меѓу претседателот Ѓорге Иванов и претседателите на Косово, Албанија и Црна Гора во рамки на регионалниот самит во Призрен. Со косовскиот претседател Бамир Топи разговарали и за евентуално постоење на масовни гробници во Македонија од времето на косовската криза. Македонскиот претседател на средбата го отворил и прашањето за статусот на Гораните-Македонци во Косово. На средбите претседателитe од регионот се договориле за соработка во борбата против организираниот криминал.
XS
SM
MD
LG