Достапни линкови

Уапсен шеф на наркокартел во Мексико


Полицијата во Мексико го уапсила шефот на моќниот наркокартел Синолоа, соопштуваат тамошните власти. Мануел Гарибеј бил уапсен кога ја преминал границата доаѓајќи од Америка. Полицијата трагала по него бидејќи тој е обвинет за криумчарење на кокаин од Колумбија во Мексико , а бил вмешан и во неколку убиства и киднапирања. Претседателот на Мексико, Филипе Калдерон откако е на власт им објави војна на наркокартелите . Од 2006-та па досега во конфликтите меѓу наркодилерите и полицијата загинале околу 23 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG