Достапни линкови

Во напади во Пакистан убиени 2 војници и 10 милитанти


Најмалку двајца војници и 10 милитанти биле убиени во два одвоени напади во проблематичните племенски области во Пакистан, соопштуваат официјалните лица. Првиот инцидент се случил во еден воен контролен пункт во областа Баи Заи во огругот Мохманд. А другиот во соседниот округ Оракзаи кој стана главна цел на нападите откако стотици Талибанци и припадници на Ал Каеда пребега таму по воената офанција во Јужен Вазиристан минатата година.

XS
SM
MD
LG