Достапни линкови

logo-print

ММФ го блокира заемот за Романија


Меѓународниот монетарен фонд ја блокира исплатата на новата транша од помошта за Романија, по вчерашната одлука на романскиот Уставен суд да прогласи за противуставни некои од мерките на Владата во Букурешт за намалување на буџетските трошоци. ММФ соопштува дека петтата транша од 900 милиони евра што требаше Романија да ги добие на 28 јуни ќе ги добие тогаш кога романската Влада ќе усвои нови мерки за буџетско штедење. Романскиот Уставен суд ја прогласи за неуставна одлуката на Владата за намалување на пензиите за 15 проценти.
XS
SM
MD
LG