Достапни линкови

Дуелот Германија-Англија не го одминува ни Самитот на Г-20


Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон

Според најавите, германскиот канцелар Ангела Меркел и британскиот премиер Дејвид Камерон утре ќе се повлечат од Самитот на два часа за да можат да го гледаат дуелот на двете национални фудбалски селекции.

Мечот меѓу репрезентациите на Германија и Англија во рамките на осминафиналето на Светското фудбалско превнство во Јужна Африка не го одмина ни Самитот на Групата 20 најразвиени земји и држави , што денеска треба да започне во канадскиот град Торонто.

Според најавите, германскиот канцелар Ангела Меркел и британскиот премиер Дејвид Камерон утре ќе се повлечат од Самитот на два часа за да можат да го гледаат дуелот на двете национални фудбалски селекции.Камерон најави дека не е исклучено мечот да го гледа во друштво со Меркел. Тој додеде дека ќе се обиде да не ја нервира својата германска колешка во врска со натпреварот, но нагласи дека неможе да вети дека нема да го прави тоа.

Британскиот премиер апелираше до англиските репрезентативци да победат уште во текот не регуларните 90 минути, бидејќи како што рече „можно е неговото срце да не може да ги издржи евентуалните продолженија и пенали“.

Меркел е повоздржана во прогнозите и само нагласи дека смета оти Германија има шанси да победи. Таа потврди дека ќе го гледа мечот и дека би сакал тоа да го прави во друштво на Камерон.

Но, наспроти оптимизмот на Камерон, традицијата во меѓуседните дуели на двете селекции е на страната на Германија. Англија последен пат ја совладала Германија на едно големо меѓународно фудбалско натпреварување во 1966-та, годината кога е роден британскиот премиер. Фудбалските тензии меѓу Германија и Англија дополнитечно го подгреваат британските таблоиди, кои почнаа да прават паралели меѓу ривалство на фудбалскиот терен и случувањата од Втората светска војна.


XS
SM
MD
LG