Достапни линкови

Г-8 го подржуваат закрепнувањето на економијата


Лидерите на земјите членки на Г-8 одржуваат состанок во Канада на кој разговараат за закрепнувањето на економијата по светската економска криза. Американските официјални лица соопштуваат дека земјите од Г-8 се согласиле владите најпрвин да изнајдат програми за стимулирање на економијата па дури подоцна да се справуваат со јавните финансии. Германската ганцеларка Ангела МАеркел изјавила дека Соединетите држави не превземаат мерки за намалување на буџетскиот дефицит како што тоа го прават европските земји. Г-8 се согласиле и да дадат 5 милијарди долари за справување со болести кај деца и мајки. Во текот на деноти и Г-20 вклучувајќи ги и Индија , Кина и Бразил ќе го започнат дводневниот состанок во Торонто.
XS
SM
MD
LG