Достапни линкови

Реставрација во Охрид


Поглед кон Канео

Поглед кон Канео

Просторот меѓу Охридски Долни Сарај, кон месноста Канео, наскоро треба да се претвори во функционален простор кој со езерото ќе се поврзе преку реставрирани скали што одамна постојат во карпата на која се крепи сарајот.

Просторот меѓу Охридски Долни Сарај, познатата летна сцена над катедралата Света Софија и брегот на Охридското Езеро кон месноста Канео, од запуштена депонија која живнува само во летниот период, треба наскоро да се претвори во функционален простор кој со езерото ќе се поврзе преку реставрирани скали што одамна постојат во карпата на која се крепи сарајот. Со проектот на Охридскиот завод и музеј, треба да се обезбеди зидот од пропаѓање и да се обнови некогашната директна комуникација меѓу жителите и гостите во стариот дел на Охридскиот рид со езерскиот брег.

,,Еден од најатрактивните простори на Охридското крајбрежје е такавиканиот Долни Сарај, кој е со богата историја зошто тука постоел
Сега овој простор е доста запоставен, неискористен доволно кој е активен само во летните денови за Балканскиот фестивал и за дел од програмата на Охридско Лето. Во есенскиот и зимски период тој е затворен простор, каде има големо плато, што може за многу намени да се искористи и режимски да се експлоатира просторот со голема вредност
харемот на Саба Ханума, првата жена на познатиот последен Охридски паша-Џеладин Бег. Познат е по тоа што сараите биле многу раскошни и имале богат шадрван со сложен систем на водоснабдување од езерото, од чии лавовски глави постојано течела вода. Сега овој простор е доста запоставен, неискористен доволно кој е активен само во летните денови за Балканскиот фестивал и за дел од програмата на Охридско Лето. Во есенскиот и зимски период тој е затворен простор, каде има големо плато, што може за многу намени да се искористи и режимски да се експлоатира просторот со голема вредност."

Вели Охридската архитектка Елена Кочковска, која го има изготвено проекот, за чија реализација се потребни околу 50 илјади евра. Предвидено е со скеле поставено под руинираниот зид на Долни Сарај, тој да се заштити со сложен конзервациско-реставраторски зафат со кој ќе се откријат внатрешните скали што сега се покриени со шут и отпад.

,,Од аспект на пејсажната архитектура, за да не се наруши амбиентот, сметам дека просторот треба целосно да се конзервира во постојните граници. Нашите сознанија велат дека главните градби тука датираат од Турскиот период, а веројатно некогаш просторот бил дел од системот на потпорни зидини на Охридскиот брег, чии остатоци ги има по целата негова должина. Со обновување на старата комуникација што ќе се поврзе со мостот, доста атрактивно ќе биде користењето на малата плажа под сарајот за посетителите, кои ќе можат директно да се качуваат на платото, што се надевам ќе добие нови содржини и ќе биде еден атрактивен простор за градот."

Вели Кочкоска, виш конзерватор, која дава идеа на Долни Сарај да се направи етно базар со афтентични занаетчиски производи и сувенири, каде може да има и различни локали од времен карактер. Со комуникацијата по карпестите зидини и од таа страна би заживеал овој фрекфентен простор кој од брегот со Мостот на желбите сега е поврзан со Канео во сите годишни сезони, со што покрај заштитата на сарајот би се добила уште една атракција во Охридската туристичка понуда во стариод град.
XS
SM
MD
LG