Достапни линкови

Шумахер: Германија ќе ја победи Англија


Михаел Шумахер

Михаел Шумахер

Германските возачи во Формула 1 сметаат дека Англија нема што да бара во осминафиналниот натпревар против нивната репрезентација.

Тројца германски возачи на Формула 1, Мајкл Шумахер, Нико Розберг и Себастијан Фетел, им порачаа на англиските фудбалери дека немаат никакви шанси против германската фудбалска репрезентација.
Англија и Германија ќе играат во осминафиналето на Светското фудбалско првенство.

„Жал ми е Англичани, в недела ќе ви биде многу тешко. Германија в недела ќе има поголеми шанси на фудбалскиот терен. Победуваме, тоа е јасно“, изјави Шумахер во Валенсија, каде викендов се оддржува деветата трка за Голема награда за Европа во Формула 1.


Тимскиот колега на Шумахер во Мерцедес, Нико Розберг е сигурен во германската победа.

„Англија нема никакви шанси. Тоа ни го покажува и историјата на светските првенства“, изјави Розберг.

Фетел, пак, истакна дека натпреварите меѓу Англија и Германија „секогаш биле посебни и така ќе останат засекогаш“.
XS
SM
MD
LG