Достапни линкови

Романија - Кратење на платите, но не и пензиите


Уставниот суд на Романија прогласи за неуставни дел мерките на Владата за штедење. Владата донесе одлука за намалување на платите за 25 насто, а на пензиите за 15 насто, со цел да ги исполни условите на Меѓународниот Монетарен Фонд за продолжување на кредитирањето. Судот реши дека кратењето на пензиите е неуставно. Инаку, денеска против овие мерки на Владата, имаше демонстрации во Букурешт.
XS
SM
MD
LG