Достапни линкови

Англичаните вежбаат пенали


Досегашната историја им влева страв на Англичаните од евентуални пенали против Германија. Англија редовно губи на пенали, Германија никогаш.

Англичаните, за натпреварот против Германија в недела, најмногу стравуваат од можни пенали. Досега, англиската репрезентација, на неколку светски и европски првенства, испаѓа од натамошните натпревари токму заради полошо изведување на пенали.

За разлика од нив, Германија никогаш во историјата нема загубено на пенали и има промашено само еден пенал на Мундијал, во полуфиналето во 1982-ра година против Франција, кога Ули Штилике не постигна гол.

Голманот на англиската репрезентација Дејвид Џејмс изјави дека намерата на Англија е да победи во 90-те минути или во евентуалното продолжение, но за секој случај, се подготвуваат и за изведување пенали. Инаку, поранешниот англиски селектор Свен Горан Ериксон, верува дека Англија ќе биде победник во дуелот со Германија.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG