Достапни линкови

Менување на дресот, како земање на скалпот


Од натпреварот Уругвај-Мексико

Од натпреварот Уругвај-Мексико

Менувањето дресови меѓу фудбалерите го предизвика вниманието на светската јавност, откако во 1970 година, дресовите си ги разменија фудбалски ѕвезди Боби Мур и Пеле.

Менувањето дресови на крајот на фудбалскиот натпревар е традиција што трае речиси осум децении. Според ФИФА, првото менување на дресовите меѓу фудбалерите од двата тима е забележано во 1931 на мечот Франција-Англија што се одиграл на Олимпискиот стадион Ив ду Маноар во гратчето Коломб во близина на Париз. Француските фудбалери, по победата од 5 - 2, ги побарале дресовите од нивните противници за спомен на нивната победа.

Менувањето дресови меѓу фудбалерите го предизвика вниманието на светската јавност, откако по завршувањето на натпреварот Англија-Бразил на Светското првенство во Мексико во 1970 година, дресовите си ги разменија легендарните фудбалски ѕвезди Боби Мур и Пеле.

Голем дел од фудбалерите ги менуваат маичките по крајот на натпреварот и си ги чуваат за спомен на мечот.
Боби Мур на рамениците на англиските играчи по освојувањето на Светското првенство во 1966

„Тоа е гест што треба да се гледа како знак на почит кон играчот и неговиот тим“, вели боливискиот фудбалер Марко Ечеверија.

Други, пак, одбиваат да ја почитуваат оваа фудбалска традиција. Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед и на ирската репрезентација, Рој Кин вели дека никогаш не побарал дрес од противнички играч.

„Тоа е едноставно смешно, ако се работи за искусен играч“, вели Кин.
XS
SM
MD
LG