Достапни линкови

Отпуштања во ССМ


Некогаш протести, а сега ССМ се занимава со внатрешна реорганизација
Некогаш протести, а сега ССМ се занимава со внатрешна реорганизација

Новото претседателство на ССМ врачува откази. Ја укина функцијата и му врачи отказ на досегашниот портпарол Милан Живковиќ, а се очекуваат откази и за други вработени.

Новото претседателство на Сојузот на синдикати му врачи отказ на досегашниот потпарол и шеф на кабинетот Милан Живковиќ и ја укина неговата функција, а се подготвуваат откази и за други вработени од стручната служба. Според Живковиќ, неговото отпуштање како технолошки вишок не е во согласност со законот за работни односи и колективните договори и токму со овој чин синдикатот ги крши работничките права за кои се залага.
За прв пат функцијата портпарол на ССМ нема да постои и укинувањето на оваа функција не беше согласно законот за работни односи и колективните договори што е еден
парадокс.

Досегашниот портпарол на ССМ Милан Живковиќ
„За прв пат, функцијата портпарол на ССМ нема да постои и укинувањето на оваа функција не беше согласно законот за работни односи и колективните договори што е еден парадокс. Синдикатот треба да укажува на работодавачите да ги почитуваат работничките права, а сега тоа не се случува.“

Отпуштањето на другите вработени, според Живковиќ, ќе биде под изговор дека синдикатот ќе се реорганизира и дека нема доволно финансии, но и дека стручната служба и пречи на владата поради критиките упатени на нејзина адреса.

„Очигледно дека ова се прави тенденциозно и дека се прават сите напори Сојузот на синдикати на Македонија да биде замолчен.“

Ваквите намери на новото претседателство ги потврди и генералниот секретар на УПОЗ, Пеце Груевски.
На ист принцип како што е укинато работното место портпарол, веројатно ќе се посегне и по некои други работни
места.


„Тоа е знак на реваншизам, а не сигнал за објективна оценка. На ист принцип како што е укинато работното место портпарол, веројатно ќе се посегне и по некои други работни места за кои што ќе нема оценка дека нема потреба од нив, туку веројатно не се вклопуваат во шемата на новото Претседателство.“

Сегашниот в.д. претседател на синдикатот Живко Митревски вели дека решиле функцијата потпарол и шеф на кабинет повеќе да не постои, за поголема економичност и транспарентност во работата.

„Со цел да се зголеми одговорноста и на самите гранкови синдикати вклучително и на Сојузот, сметавме дека во овој момент, самите гранкови синдикати и претседателот ќе даваат изјави со цела одговорност за она што го работат и што го преземаат.“

Негираше дека ќе бидат отпуштени и други работници.

„Не немало такви откази, ниту пак во овој момент се размислува во таа насока.“

Митревски во април ја презеде функцијата од Ванчо Муратовски, откако на Советот на ССМ, на која присуствуваа 11 од вкупно 17 гранкови синдикати беше прогласен за нов синдикален лидер. Но нивните прекпукувања продолжуваат во јавноста. Муратовски обвинува дека Митревски се грижи само за своите интереси, а во меѓувреме новото претседателство подготви две кривични пријави за Муратовски.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG