Достапни линкови

Во Киргистан референдум за уставните измени


Киргистанските војници денеска гласаат на референдум за новиот Устав со кој се намалуваат овластувањата на претседателот и се констутуира парламентарна демократија, прва во Централна Азија. Останатите граѓани на Киргистан ќе гласаат в недела. Според привремената влада на Киргистан, референдумот е клучен за враќањето на редот и мирот во јужниот дел на земјата, каде што има меѓу-етнички тензии.
XS
SM
MD
LG