Достапни линкови

Помалку пари за ЕУ и НАТО интеграциите


Од минатогодишната прослава на позитивниот извештај на ЕК за Македонија

Од минатогодишната прослава на позитивниот извештај на ЕК за Македонија

Власта ги намалува средствата за програми поврзани со интеграцијата на Македонија во НАТО речиси за половина, а за околу 10 отсто се кратат и средствата од ставката „Интеграција во ЕУ“.

НАТО-скептицизам и незаинтересираност за процесот на евроатлански интеграции што треба да биде на прво место. Ова се дел од коментарите на експертите и упатените за предлогот за намалување на буџетот од ставките кои се однесуваат на ЕУ и НАТО интеграциите. Од власта, од друга страна, посочуваат дека буџетот не е помал од оној на другите земји. Согласно предложениот ребаланс кој се разгледува на собраниската комисија за финансирање и буџет, во делот „Владини програми на централен Буџет“, вредноста на
Се дава до знаење дека Македонија не е така силно заинтересирана за добивање покана за членство, тоа може да се толкува и како еден вид НАТО скептицизам од страна на
Македонија.
ставката именувана „Интеграција во НАТО“ се намалува за 46 проценти. Имено, парите за оваа намена, во споредба со оригиналниот буџет, се речиси преполовени. Според поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин, ваквиот потег има и политичка тежина.

„Се дава до знаење дека Македонија не е така силно заинтересирана за добивање покана за членство, тоа може да се толкува и како еден вид НАТО скептицизам од страна на Македонија по настаните во Букурешт, исто така и како извесно политичко сознание дека земјата се оладува од НАТО.“

Министерот за одбрана Зоран Коњаноски, посочувајки дека на оваа тема имало многу шпекулации во јавноста, вели дека буџетот на Македонија за оваа намена не е помал од буџетите на другите земји.
Премиерот Никола Груевски и генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен на почетокот на годинава во Брисел

„И во другите НАТО земји буџетот се движи од 1 до 1,3 најмногу до 1,7 отсто, така што ние се вклопуваме во рамките на тој буџет.“
Наспроти таквата логика мислам дека најмногу пари треба да се вложуваат во тој сегмент.


Пари се кратат и од програмата на централниот буџет насловена како „Интеграција во ЕУ“. Од оваа ставка, согласно предложениот ребаланс, се кратат околу 10 проценти од парите кои првично биле посветени. Според политикологот Мерсел Биљали, ваквиот потег не е изненадувачки:

„Не им посветуваат доволно внимание. Наспроти таквата логика мислам дека најмногу пари треба да се вложуваат во тој сегмент, кој е круциален и витален за иднината на државата.“
XS
SM
MD
LG