Достапни линкови

logo-print

Отстранета статуата на Сталин во неговиот роден град Гори


Грузијските власти ја отстраниле големата статуа на Сталин од плоштадот во неговиот роден град Гори. Според грузијските медиуми, тоа било сторено во изминатата ноќ под силно полициско обезбедување, кое не дозволило снимање и фотографирање. Локалните власти соопштија дека 6-метарската статуа на Сталин ќе биде ставена во музеј, а на нејзино место ќе биде ставен споменик на жртвите од руско – грузијската војна во 2008-ма година.
XS
SM
MD
LG