Достапни линкови

Уште оваа година граѓаните се мирни дека на врата нема да им се појават извршители поради неплатени сметки. Примената на законот е одложена за следната година. Граѓаните велат дека со или без извршители, пари за сметки нема.

Извршителите, се уште, не смееат да наплаќаат од трансакциски сметки без знаење на должниците, затоа што тие треба да бидат предупредени со предлог за извршување даден на рака, велат во Народното Правобранителство. Власта одлучи да го одложи стапувањето во сила на новиот Закон за извршување за наредната година. Според тој закон, извршителите нема да чекаат судска разврска, туку ќе може да си ги наплатуваат парите без одлука на суд. Сега извршителите може да ги наплатат долговите само по донесена судска одлука.

Портпаролот на Народниот правобранител, Уранија Пироска вели дека веќе
Да има и такви случаи. Доаѓаат граѓани со платена сметка на време, но предлогот за извршување не е доставен до странките уредно.
почнале да стигнуваат пријави од граѓани за стигнати сметки од извршители. Таа ги советува граѓаните да внимаваат затоа што ако не ве тужи претпријатието за неплатен долг во рок од една година, тогаш таа сметка ќе се смета за застарена. Пироска додава дека за оние кои имаат долг за неплатени сметки постар од неколку години и веќе за тој долг е почната судска постапка тогаш треба да внимаваат дали им е навреме уредно доставен предлогот за извршување.

„Да, има и такви случаи. Доаѓаат граѓани со утужена сметка на време, но предлогот за извршување не е доставен до странките уредно. Ние во такви случаи ги упатуваме странките да си поднесат приговор до Судот кој што го донел предлогот за извршување и да бараат увид во документацијата и тие ги уважуваат тие приговори и со самото тоа, тоа побарување не можат да го извршуваат.“
Јас се чудам, стечаец без ништо сум, со една пензија живееме. Ако дојде ќе го избркам од дома.

Граѓаните ги прашавме дали стравот од извршителите ќе ги натера да си ги плаќаат сметките навреме.

„Па сигурно е притисок.“

„Јас се чудам, стечаец без ништо сум, со една пензија живееме. Ако дојде ќе го избркам од дома.“

„Може ако со сила ги тепаат луѓето, а што ќе им земат, душата?!“

Тие се жалат дека со извршителите само ќе се зголеми притисокот, но кога се нема пари нема и од што да се наплати.



Вашето искуство на оваа тема, може да го споделите со нас во рубриката Хајд парк.

„Па мислам дека народот нема пари, нема од каде да се наплати. Тоа е најголемиот проблем, невработени, не земаат плата и тоа е тоа.“

„Финансиите се слаби.“
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG