Достапни линкови

logo-print

Лидерите на Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора на средба во Призрен


Попладне, во близина на Призрен, почнува три-дневниот самит на претседателите на Косово, Албанија, Македонија и Црна Гора. Од кабинетот на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу е соопштено дека попладне во Призрен ќе допатуваат претседателите на Македонија и на Црна Гора, Ѓорѓе Иванов и Филип Вујановиќ, а утре ќе им се приклучи и албанскиот претседател Бамир Топи. За утре претпладне се предвидени билатерални средби, а потоа и заеднички состанок. Главна цел на ваквите самити е унапредување на регионалната соработка. Претходните два се одржаа во Валона и во Охрид.
XS
SM
MD
LG