Достапни линкови

Русија ќе купи 50 авиони "Боинг 737"


Руската државна компанија Ростехнологи планира да купи 50 авиони од типот Боинг 737, зделка вредна 4 милијарди долари. Со Боинг е потпишано и писмо со намери за купување дополнителни 15 авиони за руската ваио-компанија Аерофлот. Ова го соопшти американскиот претседател Барак Обама на заедничката прес конференција во Вашингтон со рускиот претседател Дмитриј Медведев. Инаку, Обама оцени дека Медведев е солиден и сигурен партнер, со кога сепак имаат и разлики за некои прашања, како што е Грузија. Двајцата лидери договориле проширување на соработката во борбата против тероризмот, а ќе ја координираат и помошта за Киргистан.
XS
SM
MD
LG