Достапни линкови

Во Канада денеска состанок на Г-8, утре на Г-20



Лидерите на Групата 8 индустриски најразвиени земји во светот, се состануваат денеска во Хунтсвил, Онтарио, пред да им се придружат и на останатите од Групата 20 развиени земји, чиј состанок е закажан за утре и задутре во Торонто. Разговорите се фокусирани врз економското заздравување и глобалниот развој. Соединетите Држави ги повикаа учесниците на самитот да не ги укинуваат државните стимулативни пакети за опоравување на економијата. Во Торонто се зајакнати мерките за безбедност, а вчера полицијата уапси едно лице кое во автомобилот имало материјали кои би можеле да се искористат како оружје.


XS
SM
MD
LG