Достапни линкови

Средба Обама- Медведев


САД и Русија ќе ја прошират соработката во борбата против тероризмот и разузнавањето, изјави синоќа американскиот претседател Барак Обама на заедничката прес- конференција со неговиот руски колега Дмитри Медведев, по разговорите што тие ги имаа во Белата куќа. На средбата станало збор и за разликите кои остануваат во однос на некои прашања, како на пример ситуацијата во Грузија. Обама исто така рече дека САД и Русија се согласиле да ја координираат хуманитарната помош за Киргистан, каде што поради внатрешната етничка криза стотици лица ги загубија животите.
XS
SM
MD
LG