Достапни линкови

Социјални станови за охриѓани


Охрид
Охрид

71 среќници од Охрид добија социјални станови под закуп со минимална кирија од 1000 до 1500 денари.

На ред дојдоа и охридските социјални случаи, бездомници, деца без родители и други социјално загрозени категории граѓани, на кои прелиминарно им беа поделени социјални станови изградени од државата. Од поднесените 150-тина пријави на апликанти кои ги
Среќен сум дека добив стан, многу убаво се чувствувам. Имам четири дечиња. Досега пред да го добијам станот живеев на улица, во шаторче на полигонот во Охрид со децата заедно.

исполниле условите за распределба на социјалните станови, 71 среќници во Охрид добија станови под закуп со минимална кирија што ќе се движи од илјада до илјада и петстотни денари. Иако, распределбата на становите беше јавна, по компјутерски, електронски пат, со цел да се елиминира субјективниот фактор, и во Охрид повторно имаше задоволни и револтирани.

„Среќен сум дека добив стан, многу убаво се чувствувам. Имам четири дечиња. Досега пред да го добијам станот живеев на улица, во шаторче на полигонот во Охрид со децата заедно.“

„Јас сум самохрана мајка, живеам под кирија 16 години, маж ми е починат, имам три малолетни деца, од кои едното е болно со четири операции. Многу и сум благодарна на владата.“

„Бевте сведоци кои деца се вистина полнолетни и големи. Со нарушено здравје сум и невработена, под кирија живеам 11 години и не добив стан, а имаше самохрана мајка со едно дете која доби стан, иако таа има родители и имот од нив, куќа и стан. Таа беше на списокот за добиени станови, а јас не сум со моите деца, иако се полнолетни.“

Ова се реакциите на задоволните и среќни добитници на социјалните станови кои добија покрив над главата и сметаат дека и за нив имало спас, а незадоволството и разочарувањето не го скрија оние кои сметаат дека се онеправдени и оштетени од распределбата. Во Охрид, на електронската поделба на становите беше ресорниот министер Миле Јанакиески, кој порача дека ова е транспарентен начин со кој се елиминарале роднинско-политичките врски и можностите за копуртивно делување.

„Како и во другите градови и во Охрид имаше повеќе апликанти отколку социјални станови. Затоа владата ќе продолжи со изградба на социјални станови низ Македонија. Овој систем е добро направен, бидејќи нема можност да се направи било каква интервенција и влијание на човечкиот фактор. Од понеделник, апликантите ќе може да направат увид во нивната документација и на тие кои добиле станови. Од први јули, Министерството за транспорт, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, ќе направи увид на лице место и потоа ќе се направи контрола на документацијата од страна на повеќе институции. Кон крајот на јули ќе се објави и финалната листа на реалните добитниците на социјалните станови. Ова е само прелиминарна листа.“

Министерот за транспорт и врски Јанакиески најави нови распределби на социјални станови во државава, за кои можат да конкурираат шест категории станбено необезбедени лица, деца без родители, корисници на социјална помош, инвалидни и лица погодени од елементарни непогоди, од социјално загрозената Ромска заедница и самохрани родители со малолетни деца.

XS
SM
MD
LG