Достапни линкови

Американска донација за АРМ


Macedonia - Defence Minister Zoran Konjanoski and U.S. Ambassador in Macedonia Philip Riker - 25Jun2010

Macedonia - Defence Minister Zoran Konjanoski and U.S. Ambassador in Macedonia Philip Riker - 25Jun2010

САД донираа 5,8 милиони долари за комуникациско поврзување на армиските единици во Македонија.

Стартува реализацијата на втората фаза од американско-македонскиот проект за комуникациско поврзување на армиските единици во Македонија и за подобрување на логистичкиот систем. Овој проект е донација од САД во вредност од 5,8 милиони долари. Македонската армија веќе 15 месеци се подготвува за негова реализација.
Претставува донација од 5,8 милиони долари од фондовите на САД, и покрај тоа што во тешко време, затоа што парите што ги добиваме од даночниците се посветени на еден начин на некои приоритети на САД, а ова беше еден од приоритетите. Да се унапреди знаењето и способностите и капацитетите на Министерството за одбрана и АРМ.


Амбасадорот Филип Рикер, по работна средба со министерот за одбрана Зоран Коњановки изјави дека е горд на македоско-американската соработка и напорите што се вложуваат за да се лоцираат дел од безбедносните предизвици со кои се среќаваме во 21-от век.

,,Претставува донација од 5,8 милиони долари од фондовите на САД, и покрај тоа што во тешко време, затоа што парите што ги добиваме од даночниците се посветени на еден начин на некои приоритети на САД, а ова беше еден од приоритетите. Да се унапреди знаењето и способностите и капацитетите на Министерството за одбрана и АРМ.“

Рикер додаде дека овој нов систем ќе го претставува ’рбетот на логистиката и комуникацијата на 40 единици на Министертвото за одбрана.

„Очигледно, се разбира, проектот ќе ја зголеми компатибилноста на овој систем со логистичките информациски системи на НАТО за кодификација.“

Министерот за одбрана Зоран Коњаноски очекува проектот целосно да биде имплементиран до крајот на 2011-та година. Коњаноски додаде дека кратењето за речиси 8 милиони евра од предвидениот буџет за Министертвото за одбрана нема да влијае врз армијата. Тој истакна дека македонскиот буџет за одбрана, процентуално, не е помал до буџетите на министертвата за одбрана на другите земји членки на НАТО.

„Значи и во другите НАТО-земји, буџетот се движи од еден процент до 1,7 проценти. Ние се вклопуваме во рамките на тој буџет.“
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG