Достапни линкови

Центарот за развој на североисточниот плански регион ќе добива поддршка од европските фондови.

Центарот за развој на североисточниот плански регион кој ги опфаќа општините Куманово, Кратово, Крива Паланка, Липково, Ранковце и Старо Нагоричaнe интензивно работи нa реализирање на проектите за кои ќе добива поддршка од европските фондови, кои се отворени кон Македонија, вели раководителот Младен Протиќ.
Поконкретно, ние веќе аплициравме кон Брисел за една програма за околу сто илјади евра. Тоа се софт проекти, а се однесуваат на запознавање, размена на искуства, посета на останатите вакви центри, општини, бидејќи тие се пред нас како членки на ЕУ. И тие фондови кон Македонија можеме да ги користиме во партнерство, при што ние ја одбравме Литија од Словенија.


„Поконкретно, ние веќе аплициравме кон Брисел за една програма за околу сто илјади евра. Тоа се софт проекти, а се однесуваат на запознавање, размена на искуства, посета на останатите вакви центри, општини, бидејќи тие се пред нас како членки на ЕУ. И тие фондови кон Македонија можеме да ги користиме во партнерство, при што ние ја одбравме Литија од Словенија.“

Целта на Центарот е полицентричен регионален развој, како што вели Протиќ, оти нашиот североисточен регион е најнеразвиен во државава и сите услови се создадени тој да го достигне скопскиот. Во таа насока работи и државата, сите региони да се развиваат и во развојот да се изедначат.

„Програмите кон РМ моментално се на остварување меѓународна соработка, како на пример со Бугарија за дел од инфраструктурата. Овие проекти се директно од Брисел, а помали се и изнесуваат околу сто илјади евра. Во нив се вклучуваат сите чинители кои можат да го поттикнат развојот во регионот, во општините.“

Во рамките на таквото партнерство и соработка североисточниот регион го посети и екипа од ваков центар од Литија.

„Ние во Словенија опфаќаме десет општини со различна големина, како и вие тука. Од нив три се големи и седум мали. Имаме многу рурални подрачја, како и вие. Целта ни е да ги активираме луѓето, да бидат предизвикани нешто да направат за себе и за своето семејство“, вели раководителот на Центарот за развој Александра Градишек.

Според Градишек, во нивното еднодецениско искуство тие имаат резултати на проектите од областа на стопанството и туризмот,а веќе се интегрирани и во европските мрежи. Од сознанијата што ги има, Градишек е оптимист за перспективата на североисточниот регион.

„Гледам дека состојбата е тешка. Но, јас сум оптимист, ако има екипа на луѓе која сака нешто да направи, се е можно.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG