Достапни линкови

logo-print

Поплавите во БиХ го отежнуваат проблемот со мините


Поплавите во Босна и Херцеговина освен што принудија илјадници луѓе да ги напуштат домовите оваа недела , создаваат и поголеми проблеми поврзани со мините, поставени за време на војната во Босна, поради процесите на поместување на земјиштето, предупредуваат експерти. Од крајот на војната во 1995 година, властите во Босна вложуваат напори да го исчистат теренот од околу еден милион нагазни мини, поставени за време на босанската војна, или барем да ги означат минските полиња. Според меѓународен договор, Босна требаше да биде исчистена од мини до март 2009. Наместо тоа, на земјата и беше определен рок од уште една деценија да се ослободи од над 220.000 мини и други неексплодирани гранати.



XS
SM
MD
LG