Достапни линкови

Лидингтон:независноста на Косово неповратна


Британскиот министер за Европа Дејвид Лидингтон денеска во Приштина изјавил дека независноста не Косово е неповратна. Тој изјавил дека тешко може да се замисли Србија да влезе во Европската Унија се додека трае спорот со Косово. Лидингтон се сретнал со претседателот на Косово Фатмир Сејдиу. На средбата Лидингтон изјавил дека Велика Британија и нејзините европски партнери подготвуваат реакција откако ќе биде објавено мислењето на Меѓународниот суд за правда за легитимноста на независноста на Косово.

XS
SM
MD
LG