Достапни линкови

Абхазија се повлекува од разговорите со Грузија


Oтцепениот регион Абхазија привремено се повлекува од разговорите со Грузиај кои се водат под покровителство на меѓународната зедница. Помошник на абхазискиот лидер Сергеј Багапш, изјавил дека во преговорите немало напредок . Разговорите се водат под покровителство на Европската унија, Организацијата за безбедност и соработка во Европа, и Обединетите нации. Разговорите се во насока на постигнување безбедност и за да се спречи насилството од страна на милитантите во регионите Абхазија и Јужна Осетија. Грузија и Русија во 2008 имаа краток воен конфликт за превласт на Јужна Осетија. Москва тогаш ги призна двата отцепени региони како независни држави.
XS
SM
MD
LG