Достапни линкови

Клинтон воодушевен


Поранешниот американски претседател Бил Клинтон бил воодушевен од последниот настап на фудбалската реперезентација на Соединетите Држави на Светското првенство во Јужна Африка.

Затоа тој решил да остане и да проследи уште едeн натпревар на првенството.

Клинтон изјави дека го сменил планот, така што в сабота ќе може да го гледа мечот во осимнафиналето, што американската репрезентација ќе го игра против тимот на Гана. Клинтон е почесен претседател на Комисијата која ги кандидира Соединетите Држави за домаќин на Светското првенство во фудбал во 2018 или во 2022 година.

Од мечот меѓу САД и Алжир


Тој го следеше последниот натпревар во групата во која Американците ги победија Алжирците со 1:0 и се пласираа во втората рунда.
Клинтон на трибините седеше со претседателот на ФИФА Сеп Блатер, по што ги посети и играчите во соблекувалната.

Тој изјави дека толку многу се радувал и викал кога Лендон Донован го постигна голот на самиот крај на натпреварот што морал да пие чај со лимон за да си го врати гласот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG