Достапни линкови

Нови иницијативи за името


Премиерите на Македонија и Грција, Никола Груевски и Јоргос Папанреду

Премиерите на Македонија и Грција, Никола Груевски и Јоргос Папанреду

Изјавата на грчкиот премиер Папандреу, по средбата со Груевски дека покренале нови инцијативи за решавање на спорот за името, македонските политички партии, но и експертите ја толкуваат како назнака дека нешто се случува во насока на придвижување на процесот. Сепак, тие велат дека залудни ќе бидат иницијативи, без конкретен предлог.

Би сакале да ја видеиме Македонија во НАТО но дали тоа ќе се случи на самитот во ноември којшто не е самит за проширување ќе зависи од решавањето на прашањето за името, изајви американскиот амбасадор Филип Рикер.

Изјавата на грчкиот премиер по средбата со Груевски дека покренале иницијативи и нови напори за решавање на спорот за името, кај македонските политички партии и од власта и од опозицијата е назнака дека нешто се случува во насока на придижување на процесот за
За поздравување е ако реално има нови иницијативи и нови напори, но ние сме реално веќе ,,изгорени" од нашиот премиер Груевски, повеќе не веруваме на вербални изјави, туку очекуваме ако нешто се случува конкретно да биде запознаена македонската
јавност.
решавање на спорот за името. За дел од експертите, пак, нови иницијативи и напори не значат ништо, се додека од нив не произлезе конкретен предлог и конкретно придбижување на процесот. Пратеникот Петар Поп Арсов од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, самата зачестеност на директните средби Груевски-Папандреу, ја гледа како јасно демонстрирана волја од двете страни процесот да се придвижи.

„Изјавата на Папандреу беше нешто поразлична во однос на досегашните изјави, меѓутоа за жал, се уште останува на сила грчката позиција, а тоа е едно име со географска одредница за севкупна употреба што навистина за Република Македонија е непифатливо.“


Од друга страна, додава Арсовски, за да може да и се верува на Грција дека демонстрира добра волја и пријателство, треба да дозволи да биде деблокиран процесот на македонските евроинтеграции. Владо Бучковски од СДСМ, изјавата на грчкиот премиер Папандреу, ја гледа како потврда дека истовремено е активна и тајната дипломатија и дека евентуалните нови иницијативи се поврзани и со неодамнешните посети, меѓу кои онаа на словенечкиот премиер Пахор и на српскиот претседател Тадиќ. Сепак, на тоа колку од нив ќе произлезе конкретен предлог, Бучковски гледа со резерва.

„За поздравување е ако реално има нови иницијативи и нови напори, но ние сме реално веќе ’изгорени‘ од нашиот премиер Груевски,
Нас не ни е потребна иницијатива, нас ни е потребно ако веќе сакаме да го решиме спорот до самитот на НАТО, нас ни треба конкретен и до некаде конечен и прифатлив
предлог.
повеќе не веруваме на вербални изјави, туку очекуваме ако нешто се случува конкретно да биде запознаена македонската јавност.“

Дел од експертите велат дека на Македонија повеќе не и требаат иницијативи бидејќи ги имаше прилично, особено произлезени од активностите на медијаторот Метју Нимиц. Единствено оправдана и прифатлива иницијатива би била таква којашто би довела до конечен и прифатлив, за двете страни, предлог за решавање на спорот.

„Иницијатива е иницијатива. Нас не ни е потребна иницијатива, нас ни е потребно ако веќе сакаме да го решиме спорот до самитот на НАТО за да може во октомври, ноември кога ќе биде извештајот на ЕК да се каже дека ќе се отпочнат преговори, ако ние го бараме тоа дотогаш, тогаш нас ни треба конкретен и до некаде конечен и прифатлив предлог“, изјави професорот Ивица Јосифовиќ.
XS
SM
MD
LG