Достапни линкови

logo-print

Менувањето на Мекристал, вистинска одлука


Претседателот Барак Обама и генерал Дејвид Петреус

Претседателот Барак Обама и генерал Дејвид Петреус

Претседателот Барак Обама го разреши генерал Стенли Мекристал од функцијата главен командант на американските и на НАТО силите во Авганистан. На негово место е поставен генерал Дејвид Петреус. Американската политичка јавност го поздрави потегот.

Одлуката за менување на генерал Мекристал беше донесена поради публикацијата објавена во магазинот Ролинг Стуон во која се цитираат неговите изјави во врска со неколкумина врвни членови на американската администрација.

Така, за Обама вели дека бил неподготвен за стратегиски состанок, шефот на националната безбедност Џонс го оценува како кловн, му се потсмева на потпретседателот Бајден, а го критикува и американскиот амбасадор во Авганистан.

Генерал Стенли Мекристал



„Ова е лична, а не политичка одлука“, изјави Обама.

Тој додава дека американската воена стратегија во Авганистан нема да се менува.

Она што е претставено во неодамна објавениот напис не одговора на стандардите за еден генерал на командна функција. Тоа ја поткопува цивилната контрола на војската која е срцето на нашиот демократски систем.

„Она што е претставено во неодамна објавениот напис не одговора на стандардите за еден генерал на командна функција. Тоа ја поткопува цивилната контрола на војската која е срцето на нашиот демократски систем и ја нарушува довербата, неопходна за нашиот тим да работи заедно во постигнување на нашите цели во Авганистан.“

Ваквата одлука на Обама, во политичката јавност во Вашингтон е позитивно оценета. Сенаторот Џон Мекејн, републиканец од Аризона, го поздрави потегот на Обама за смена на генерал Мекристал.

„Ја поздравуваме одлуката на претседателот на Соединетите Држави да побара генерал Петреус повторно да служи во одбрана на нашата земја. Сметаме дека не постои поквалификуван лидер од него за да се постигне успех во Авганистан.“

Мекејн, кој е против одлуката на Обама за точен рок за повлекување на силите од Авганистан, ја искористи можноста да го повтори прашањето дали смената на врвот не значи и промена на ставот дека војниците треба да се вратат дома до следното лето.

Смената на генерал Мекристал беше поздравена и од независниот сенатор Џозеф Либерман, кој наведе дека несреќните и несоодветни коментари на генералот го ставија претседателот Обама во непријатна ситуација.
Пристигнувањето на Мекристал во Белата Куќа

„Претседателот денеска со тоа се справи директно и силно и донесе вистинска одлука со тоа што ја прифати оставката на генерал Мекристал.“

Со слична оценка се јави и републиканскиот сенатор Линдзи Греам, кој со забелешката дека можеби заврши кариерата на еден добар човек изјави:
Претседателот на Соединетите држави, нашиот врховен командант, според мое мислење, немаше друг избор. Поголемиот дел од животот јас бев офицер и знам дека има линии кои не можете да ги преминете.

„Претседателот на Соединетите Држави, нашиот врховен командант, според мое мислење, немаше друг избор. Поголемиот дел од животот јас бев офицер и знам дека има линии кои не можете да ги преминете. Тие линии беа преминати. Обама направи вистински потег.“

И повеќето американски аналитичари сметаат дека генерал Мекристал заслужи да биде отстранет поради, како што наведуваат, отровната атмосфера што ја создал меѓу неговиот персонал.

Експертите, сепак, се збунети во врска со тоа зошто генералот одбрал своите приватни мислења за Белата Куќа да ги сподели со јавноста.

Тоа, особено ако се има предвид фактот што од сите членови на тимот на Обама за национална безбедност, токму генерал Мекристал ја уживал најголемата доверба кај претседателот.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG