Достапни линкови

Обама го назначи Дејвид Петреус за командант на местото на Мекристал


Американскиот претседател Барак Обама ја прифати оставката на генерал Стенли Меккристал од должноста командант на силите на САД и НАТО во Авганистан и на негово место го назначи генерал Дејвид Петреус. Обама оваа одлуката ја соопшти во Белата Куќа по средбата со Меккристал. Мекристал се извини за текстот во Ролинг Стоун Магазинот каде негативно зборува за потпретседателот Џо Бајден и за специјалниот претставник за Авганистан и Пакистан, Ричард Холбрук.
Обама одлуката за смена на генералот Меккристал ја нарече правилен чекор од гледна точка на национална бебзбеднсот на САД иако призна дека оставката ја прифаќа со големо жалење, пренесуваат новинските агенции. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека ќе ја почитува секоја одлука на Обама но претходно истакна дека еден ваков чекор може да го загрози веќе постигнатиот напредок во девет годишната војна во Авганистан.
XS
SM
MD
LG