Достапни линкови

Евакуирани луѓе заради поплави во Босна


Властите во Босна почнаа евакуација на илјадници луѓе, чии домови се поплавени од надојдените реки по поројните дождови, пренесуваат агенциите. Цели села и градови во Босна се отсечени .Мобилизирани се и единици од минери, во случај поплавите да активираат мини, останати од војната во Босна во 90-те години од минатиот век. Пожарникари и доброволци во текот на ноќта и денеска почнаа да ги евакуираат луѓето од десетици градови и села. Делови од патиштата во северниот и западниот дел на земјата се поплавени и на места луѓето биле принудени да преноќат во автомобилите и автобусите, со кои патувале.

XS
SM
MD
LG