Достапни линкови

logo-print

Курдските бунтовници се заканија со нови напади врз турски објекти


Kурдските бунтовници се заканија дека ќе има уште напади врз турски објекти се додека нивните барања за автономија и повеќе права не бидат исполнети, пренесуваат светските агенциите. Курдските бунтовници во последните недели ги засилија нападите во Турција , а вчера во бомбашки напад врз автобус со воени лица беа убиени 5 луѓе. Еден од командантите на Курдската работничка партија (ПКК) Џемил Бајак, за курдските медиуми изјавил дека не е можно да се запре борбата , се додека курдското прашање не се реши.

XS
SM
MD
LG