Достапни линкови

logo-print

Груевски:двете страни бараат решение за името


Грција конечно сфати дека од македонска страна постои желба за решение на името. Папандреу, јавно кажа во неговото обраќање дека двете страни сакаат да дојдат до решение и тоа е добар сигнал од таа гледна точка, изјавил премиерот Никола Груевски по завршувањето на Самитот во Истанбул, јавува МИА. Тој изјавил дека Македониај и Грција ќе продолжат со напорите да се реши спорот за името, кое нема да им штети на граѓаните бидејќи тие за тоа ќе одлучат на референдум. Одговарајќи на новинарско прашање дали се очекува наскоро конкретен предлог од Нимиц, истакна дека тоа зависи од медијаторот и оти тој има зачестени консултации со двете страни.


XS
SM
MD
LG