Достапни линкови

Македонско-турска бизнис соработка


Фабрика
Фабрика

Прилепските бизнисмени и регионалната Стопанска комора ќе соработуваат со турски стопанственици од градовите Измир и Тире. Турските бизнисмени покажале голем интерес за тутунската, мермерната и текстилната индустрија.

Прилепските бизнисмени и регионалната Стопанска комора ги ставија темелите за идна успешна бизнис соработка со турските стопанственици од Измир и Тире. Веќе се потпишани спогодби за меѓусебна соработка со стопанската комора од Тире, а особено е значајна спогодбата со Трговската комора од Измир, шестмилионски град или еден нов голем пазар за прилепските компании. Турските
Во Турција веќе немаат доволни количини на тутун, а исто така интересни им се и цигарите, воспоставени се контакти со фирми. Во индустриската зона во Тире веќе има фабрика Бритиш Американ Тобако.
бизнисмени покажале голем интерес за тутунската, мермерната и текстилната индустрија.

„Во Турција веќе немаат доволни количини на тутун, а исто така интересни им се и цигарите, воспоставени се контакти со фирми. Во индустриската зона во Тире веќе има фабрика, Бритиш Американ Тобако, а исто така и со претставници, производители на репроматеријали, за потребите на Тутунски Комбинат“, вели Ристо Најдоски, секретар на Регионалната стопанска комора.

Тој додава дека токму искуствата од индустриската зона во Тире ќе се користат при изградба на индустриската зона во Прилеп.

„Договорено е бидејќи во Прилеп имаме намера да отвараме таква индустриска зона, да ни го пренесат нивното искуство околу формирањето на таа зона, нејзиното функционирање и за таа цел расположени се од раководството на зоната да го посетат и Прилеп.“

Ефекти од воспоставената соработка, како што најави Најдоски, се очекуваат за кусо време бидејќи треба да се одржи втора бизнис средба и во Прилеп.
Договорено е бидејќи во Прилеп имаме намера да отвараме таква индустриска зона, да ни го пренесат нивното искуство околу формирањето на таа зона.

„Турскиот пазар од секогаш е интересен не само за прилепските стопанственици, туку и за цела Македонија, меѓутоа и понатаму се соочуваме со проблемот на царинските давачки. Економската размена со Турција ни е негативна, значи имаме дефицит во извозот, а тоа е од причина што во Турција имаат големи царински давачки за увоз на нашите производи. Турскиот пазар се уште се штити и нашите производи се уште не се конкурентни.“

Според најавите, бизнис делегација од Тире ќе го посети Прилеп за време на фестивалот на пивото кога се очекува учество на еден познат турски пиво бренд. Инаку, освен стопанската соработка, Прилеп и Тире потпишаа меморандум за збратимување на двата града, со што се реализира иницијативата стара две
години, кога градоначалникот на турскиот град, престојуваше во Прилеп.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG