Достапни линкови

Мекристал ќе се сретне со Обама


Командантот на американските и на НАТО силите во Авганистан, генерал Стенли Мекристал имал состанок во Белата куќа за да ги објасни провокативните оценки за некои членови на американската администрација во едно списание. Мекристал се сретнал со секретарот за одбрана Роберт Гејтс и со адмиралот Мајк Мулен. Мекристал се извинил за изјавите во списанието Ролинг Стоун во кои дал негативни забелешки за потпретседателот Џо Бајден и за специјалниот претставник за Авганистан и Пакистан Ричард Холбурк. Претседателот Барак Обама изјавите на Мекристал ги оценил како „сиромашни пресуди“ и рекол дека сака да го слушне прво генералот пред да преземе било каква акција.
XS
SM
MD
LG